Денеска се одржа прес конференцијата која беше најавена на почетокот од овој месец. Претпоставките беа точни, па на настанот беше претставена првата слика од црна дупка, потврдувајќи ги во исто време и досегашните теоретски претпоставки за оваа појава во универзумот.

„Ова е огромен ден за астрофизиката. Го гледаме тоа што не може да се види. Црните дупки ја потхрануваа имагинацијата со декади. Тие имаат егзотични карактеристики и се мистериозни за нас. Сепак, со повеќе набљудувања како ова, тие ни ги откриваат нивните тајни. Ова е причината зошто постои NSF. Ние им овозможуваме на научниците и инженерите да го осветлат непознатото, да ја откријат суптилната и комплексна големина на нашиот универзум.“ – истакна Франс Кордова, директорот на NSF – National Science Foundation – независна федерална агенција креирана од конгресот на САД.

Информациите преку кои е овозможена првата слика од црна дупка, поточно од хоризонтот на настани, кој е видлив, се собрани преку таканаречениот виртуелен радио телескоп составен од повеќе телескопи на различни локации на Земјата.

Наречен „Event Horizon Telescope“, морало да биде направен како комбинација од повеќе радио телескопи низ Земјата. Овие телескопи собираат податоци, по што тие што се собрани во истото време, можат потоа да се комбинираат за креирање на еден целосен заклучок.

На овој начин е креирана првата слика од црна дупка, нешто што траело повеќе месеци.

Инаку, црната дупка која е набљудувана се наоѓа во центарот на галаксијата Messier 87 која се наоѓа 55 милиони светлосни години од Земјата. Црната дупка има маса која е за 6,5 милијарди пати поголема од таа на нашето сонце, како и големина која е можеби колку целиот наш сончев систем.

„Доколку се наоѓа во светол регион, како диск или светлечки гас, очекуваме дека црна дупка ќе креира темен регион сличен на сенка – нешто што беше предвидено од страна на Ајнштајновата Теорија на Релативитет, нешто што досега го немаме видено. Оваа сенка, предизвикана од гравитациското свиткување и задржување на светлината од хоризонтот на настани, ни открива многу за природата за овие фасцинантни објекти и ни овозможи да ја измериме огромната маса на црната дупка.“ – истакна претседателот на Научниот Совет на Event Horizon Telescope, Хеионо Фалке од Radboud University од Холандија.

ИЗВОРNSF
ИЗВОР 2MIT Technology Review
Претходна статијаНовиот Samsung Galaxy A80: Создаден за ерата на дигитално живеење
Следна статијаДисциплина = Слобода
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.