Џоко Вилинк е поранешен војник во специјалните сили Navy Seals. Тој бил водач на oдредот (Task Unit Bruiser) кој бил најмногу декориран со медали поради постигнатите успеси во војната.

Денес Вилинк се занимава со говорништво и раководење на својата компанија Echelon Front, која ги подучува менаџерите и вработените во различни компании за тоа како да бидат поефикасни лидери. Тој исто така е и автор. Неговата книга Extreme Ownership стана број еден бестселер во САД. Неговиот подкаст е еден од најпопуларните на тема лидерство, дисциплина и воени приказни. Човекот е легенда.

Image result for jocko willink
Лицето на дисциплината…

Она по што е познат е неговото станување секое утро во 4.30. Неговата филозофија е „стани пред непријателот, за да можеш да го победиш“. Не сите сме се бореле во Авганистан и Ирак за да „стануваме пред непријателот“, но неговата поента е добра: стани пред светот да почне да функционира во целост и заврши ги работите што ќе ти го направат денот „победа“.

Но, за ова е потребна дисциплина а според Вилинк дисциплината води кон слобода. На прва звучи контраинтуитивно. Но само ако ја разбираме слободата како „правам што сакам кога сакам“. Според Вилинк, за да имаш финансиска слобода, ти треба дисциплина. Треба да штедиш и да го правиш тоа редовно и без компромис. За да ослабеш, треба да бидеш дисциплиниран во вежбањето и здравата исхрана. Ако ослабеш чувствуваш слобода во смисла на зголемување на самодовербата, се чувствуваш олеснето и добиваш уште повеќе мотивација да истраеш. Ако сакаш да бидеш успешен програмер, мора да бидеш дисциплиниран во часовите што ги поминуваш пред компјутер. Нема игрици – само кодирање.

Секоја „слобода“ која ја посакуваме, без разлика дали се работи за пари, фитнес или учење на нова вештина, бара дисциплина и пожртвуваност. Да кажеме „НЕ“ на работите што не оддалечуваат од таа слобода.

За таква слобода говори Вилинк. Слобода која не признава shortcuts, само напорна работа и дисциплина.

Претходна статијаОбјавена првата слика од црна дупка
Следна статијаНа кафе со #ЖениМК во Ланголо до дискусија која ги поставува темелите на општествениот напредок