Дали во иднина фарбањето на косата ќе биде минато?
Дали во иднина фарбањето на косата ќе биде минато?
Дали во иднина фарбањето на косата ќе биде минато?

За прв пат до сега научниците успеале да ги идентификуваат гените коишто се одговорни за обелувањето на косата, како и оние одговорни за густината на веѓите и брадата, во студија на геномите од над 6 илјади Латиноамериканци.

Генот IRF4 уште поодамна бил откриен како причина за појавата на посветла, сива и бела коса, па затоа сега научниците пробуваат да откријат која е иднината на генетски модифицираната коса. Научниците се надеваат дека нивните наоди ќе бидат од голема помош за пронаоѓачите на лекови и останати препарати против паѓањето и обелувањето на косата.

Студијата откри исто така дека гените FOXL2 и PAX3 се одговорни за дебелината на веѓите. Покрај тоа што можеби ова означува крај на многу маки за лицата засегнати од проблеми со бојата, изгледот и густината на влакната на одредени делови од телото, ова откритие објавено во зборникот Nature Communications не е круцијално за козметичката индустрија и за спречувањето на појавата на седа коса.

Ова откритие е круцијално за криминолошките науки и антропологијата, затоа што новите сознанија можат да помогнат да се реконструира изгледот на личноста според ДНК-то.

Како што објаснува ко-авторот Andrés Ruiz-Linares кој е професор по биолошки науки од Универзитетскиот Колеџ во Лондон, изборот на испитаниците играл голема улога во успешноста на оваа студија, затоа што поранешните студии од овој тип биле премногу фокусирани на Европејците. Волонтерите вклучени во истражувањето имале разноврсно потекло, односно 48% биле лица од Европскиот континент, 46% од Американскиот континент, пред се` со потекло од домородното Американско население и 6% луѓе со африканско потекло.

Научниците откриле дека генот одговорен за белеењето на косата е присутен кај Европејците, но тој не е откриен кај испитаниците со американско потекло. „Гените најверојатно можат да бидат употребени за да се промени бојата на косата додека влакната се формираат во фоликулите, не само откако ќе пораснат. Козметичката индустрија ќе биде доста заинтересирана за ова“ – истакнува професорот Ruiz-Linares.

Тој додава дека идентификувањето на гените одговорни за белеењето на косата и за типот на косата се од особен фокус токму за козметичките индустриски гранки. Дали навистина еден ден нема да имаме потреба од фарба за коса доколку не сме задоволни од моменталната боја, туку посакуваната боја ќе ја постигнуваме со генетско модифицирање, останува да се увериме.

 

Извори: The Verge, Science.Mic, Science Mag, Clapway

Претходна статијаMicrosoft го продолжи рокот за надградби за Windows 7 и 8.1 кои работат на Skylake процесорите
Следна статијаVivoMini компјутерите на Asus имаат мали димензии и солидни компоненти