Мозокот останува еден од најсложените и најтешки за откривање како функционира делови од човекот, па откритијата поврзани со него се и едни од поинтересните, а секако поважни за научниците.

Крис Зимерман од Институтот за Неврологија на Принстон, доби и награда за своето откритие, кое дава одговор на тоа како мозокот ја регулира жедта, односно вклучувањето на чувството на жед и како тоа престанува.

Посебно внимание се посветува на тоа како мозокот го прекинува сигналот за жед, односно му „кажува на човекот“ дека веќе не мора да внесува течности. До ова откритие се верувало дека мозокот едноставно може да ја процени хидратацијата во крвта, по што проценува колку вода му е потребна на организмот.

Сепак, ова верување не ја дава целосната слика за овој систем на мозокот, а посебно фактот што сите го знаеме, а тоа е дека чувството на жед се намалува и го снемува уште за време на внесувањето на течностите, пред течноста да стигне до крвта.

Откритието на Зимерман го дава одговорот токму на ова прашање, односно како точно функционира овој систем.

Начинот на којшто функционира мозокот кога е во прашање жедта, покрај тоа што има проценка за нивото на хидратација, нешто што е основата, успева да процени и која е количината на течност која е потребна, а најважно од се да процени дали количината што се внесува е доволна.

Тоа значи дека мозокот добива сигнали и од устата, грлото и желудникот, по што ја предвидува хидратацијата која ќе се случи во минутите што следат. Ова е делот којшто досега не бил познат и кој покажува колку сложен орган е мозокот.

Со други зборови, сумирано, по сигналот дека нивото на вода во организмот е намалено и пуштањето на сигнал за жед, мозокот добива сигнали и од устата, грлото и желудникот, врз основа на што „предвидува“ дали количината која во тој момент се внесува е доволна за да се задоволи жедта.

Истражувањето е направено успешно сега поради достапноста на технологијата, а истото е направено на глувци. Се истакнува дека овој дел од мозокот функционира исто и кај луѓето, па ова откритие може да се смета дека важи и за човековиот мозок.

ИЗВОРInverse
Претходна статијаКанадска компанија има продавано Apple уреди наменети за рециклирање на нивните делови
Следна статијаBing отсега ќе се вика Microsoft Bing, а добива и освежено лого
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.