Microsoft денеска официјално направи мало ребрендирање на нивниот интернет пребарувач Bing. Наместо само ова име, пребарувачот сега ќе го носи името на компанијата, односно ќе се вика Microsoft Bing.

Целта на промената на името е корисниците да знаат дека овој пребарувач е основата на сите делови за пребарување кај производите од компанијата, односно на Windows 10, Office 365, Xbox и слично.

Покрај промената на името, односно додавањето на името на компанијата, Microsoft Bing има и изменето, односно освежено лого. Наместо зелената боја, логото сега има неколку нијанси кои се прелеваат од сина до зелена.

Сепак, на главната страна од Microsoft Bing стои логото на Microsoft, а новото лого од Bing може да се види преку иконите кои се појавуваат на лентата за адреси, како и ако пребарувачот ви е зачуван како омилена страна.

Од Microsoft повеќе внимание сепак посветија на проширување на Give with Bing програмата, која е дел од Microsoft Rewards, нешто што сепак не е достапно секаде во светот, како и во нашата земја. Корисниците можат да ја искористат оваа програма и добиените поени, наместо да ги користат за себе, да ги дадат и да помогнат на некого преку големи број на партнери кои се приклучени на програмата.

Без разлика на големото значење што го дава Microsoft на нивниот пребарувач, тој сепак не успева да му конкурира на Google, а посебно надвор од САД. Тоа не е само поради навиката на корисниците, што е голем фактор кај огромен дел, туку е и поради тоа што Google едноставно дава покорисни резултати.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаНаучниците открија како функционира системот за жед во мозокот кај глувците
Следна статијаRazer претстави гуми за џвакање под брендот RESPAWN во соработка со 5 од Mars Wrigley
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.