Фото: ETH Zurich

Научници од Wellcome Sanger Institute од Британија и ETH Zurich успешно ја имаат направено првата мапа на поврзаноста на имунолошкиот систем на човекот. Потребни биле повеќе години на работа, како и доволен развој на технологијата за да се дојде до ова ниво кое ќе овозможи голем напредок во лечењето на одредени болести во иднина, а посебно се истакнува канцерот.

Резултатот од работата на овие научници е продолжување на работи кои веќе биле познати и нивно дополнување со цел добивање на целосната слика како функционира имунолошкиот систем.

Овој систем е составен од специјализирани клетки, од кои дел од нив индивидуално патуваат низ организмот на човекот да откриваат знаци за повреда или болест. Кога овие клетки ќе откријат некаква закана по организмот, информацијата треба да ја пренесат до другите клетки, односно да извршат комуникација. На овој начин во основа организмот ја организира својата одбрана.

Еден од начините на кои клетките комуницираат помеѓу себе е преку протеини на нивната површина, кои исто така се врзуваат со соодветните „рецептори“ протеини на површината на другите клетки.

Ова е делот кој претставува голем успех за научниците кои досега имале нецелосна мапа на поврзаноста на овие рецептори.

Научниците кои ја имаат направено целосната мапа успешно прикажуваат како клетките од имунолошкиот систем се поврзуваат и комуницираат.

Истражувањето е објавено во Nature и може целосно да се прочита на овој линк.

„Ова истражување создаде неверојатна нова алатка која ќе може да се користи да прикаже кои протеини и патишта би било корисно да бидат таргетирани при развојот на лекови. Исто така може да се добие подобар поглед кон тоа дали еден лек би имал влијание на другите патишта, кои може да предизвикаат несакани дејства.“ – истакна професорот Беренд Шнијдер кој е ко-автор на студијата од ETH Zurich.

ИЗВОРNew Atlas
ИЗВОР 2ETH Zurich
Претходна статијаApple го враќа процентот на батеријата кај поновите iPhone телефони
Следна статијаРСБСП: Совети за безбедно лето 2022
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.