Фото: MacRumors

Apple во текот на вчерашниот ден ја пушти петтата бета верзија за програмерите од iOS 16 која со себе донесува една мала, но доста важна и барана новина. Ова сигурно ќе наиде на исмејување од страна на Android корисниците кои стандардно имаат повеќе избор во прилагодувањето на изгледот и функционирањето на нивниот телефон.

Новината го враќа прикажувањето на процентот до кој е наполнета батеријата на iPhone, нешто што беше тргнато со претставувањето на iPhone X, кој го донесе исечокот на екранот кој уште се користи кај телефоните од компанијата.

Процентот беше тргнат поради просторот којшто го зазема исечокот, па нема доволно место до батеријата да има дополнителна информација. Корисниците можат да видат до каде е нивната батерија преку иконата, преку Control Center делот, како и со поставување на „виџет“ на некој дел од екранот.

Во најновата бета од iOS 16 процентот на батеријата е поставен врз самата икона, што значи дека таа сега веќе нема да прикажува визуелно до каде е батеријата, па корисниците ќе можат тоа да го видат од бројките.

Оваа нова можност им е достапна на iPhone моделите со исечок, но не и на mini верзиите од iPhone 12 и 13. Се вклучува и исклучува по избор на корисникот во прилагодувањата за батеријата.

Покрај петтата бета од iOS 16 за програмерите, Apple ги пушти новите бета верзии за програмерите и за другите нивни системи, односно за iPadOS, watchOS и macOS.

Во деновите што следат, барем ако е пример претходната верзија, Apple треба да ги пушти новите бета верзии и за обичните корисници, односно третите бета верзии.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаTesla ја достигна бројката од 3 милиони произведени електрични автомобили
Следна статијаНаучници успеаја да ја направат првата целосна мапа на поврзаноста на имунолошкиот систем на човекот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments