На почетокот од минатиот месец, во рамките на WWDC 2022, Apple ги претстави наредните верзии од нивните оперативни системи. Претставени беа iOS 16, iPadOS 16, macOS Ventura, како и watchOS 9.

Како и секога година, по претставувањето Apple пушта тест верзии наменети за програмерите, но последните неколку години од компанијата почнаа со пуштање на бета верзии и за обичните корисници.

Овие бета верзии за обичните корисници сега се достапни и секој заинтересиран може да ги инсталира новите верзии од оперативните на Apple порано од другите и да ги проба, а финалните верзии ќе бидат пуштени во есен, како и обично.

За да инсталирате бета верзија некој од вашите уреди, а сепак треба да знаете дека се можни одредени проблеми, треба да отидете на оваа страна од Apple од вашиот уред, да се најавите со вашата Apple сметка и да притиснете на Get started линкот. На страната која ќе се отвори се избира оперативниот систем, по што ќе треба да симнете „профил“ кој се инсталира на самиот уред. По инсталацијата и рестартирање на уредот, се што треба е да проверите за нови верзии како и обично, па ќе биде достапна бета верзијата за инсталирање.

iOS 16 покрај другите работи, донесува нов начин за измена и прилагодување на „заклучениот екран“. Сега тука се достапни повеќе видови на позадини, како и виџети кои се посебни од тие на левата страна од екранот и наликуваат повеќе на компликациите од Apple Watch.

iPadOS 16 ја донесува одличната Stage Manager функција која е нова и на macOS, а кратко кажано, донесува работа со прозори како кај компјутерите кај iPad. Stage Manager дефинитивно вреди да се користи и целосно го менува начинот на работа со iPad.

macOS Ventura ги донесува подобрувањата кај Mail Messaged и другите апликации кај Mac, а тука е и одличната Stage Manager функција за работа со повеќе отворени апликации, подобрен Spotlight и повеќе.

На крајот, watchOS 9 донесува големо подобрување кај Workout делот кој сега е доволно посложен за да може посериозно да се користи без потреба од додатни апликации. Тука е и подобрувањето кај следењето на спиењето кое сега ги прикажува фазите на спиење, а достапни се и неколку нови дизајни на часовниците, анимациите и слично.

Претходна статијаGalaxy S23 серијата нема да има варијанта со Exynos чип
Следна статијаNothing официјално го претстави нивниот прв смартфон Phone (1)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.