Лајнус Себастијан, кој го има еден од најпознатите YouTube канали за новости и тестови од технологијата, Linus Tech Tips, најави дека се повлекува од главното директорско место во компанијата.

Како главна причина за оваа одлука тој го дава аргументот дека доказ дека некоја компанија е навистина напредната е кога таа ќе ги надрасне нејзините основачи. Зад ова стои и неговата замореност од водењето на дневните обврски кои ги има еден директор на компанија, а тоа му пречи во правењето на видеата, нешто што му е главната цел уште од почетокот.

Поради ова, тој ќе остане во компанијата на ново измислената позиција Chief Vision Offices, а главната директорска позиција ќе ја преземе Терен Лонг, поранешен шеф на Лајнус во NCIX, како и поранешен вработен во Corsair и Dell.

Ова значи дека Лајнус ќе го има и почесто на видеата, а тој сега ќе може да се посвети целосно на креативниот дел од работата, без административните работи да му пречат.

Тој исто така додаде дека добил понуда за купување на компанијата во вредност од 100 милиони долари, но ја има одбиено. Вредноста на неговите канали и додатни бизниси е доста блиску до оваа сума, па тој смета дека нејзиното прифаќање нема да му донесе никаква предност.

Видеото во кое тој ја најавува оваа промена и ги дава аргументите за истата, можете да го погледнете во продолжение.

Претходна статијаАмериканската DoorDash обвинета за повисоки цени за достава на храна за корисниците на iPhone
Следна статијаGoogle нема да ги брише некористените сметки кои имаат YouTube видеа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.