Американската компанија за достава на храна, DoorDash, која функционира како нашите Кликни Јади и Корпа, е обвинета од корисниците дека на тие кои нарачуваат преку iPhone, им се наплатува повеќе. Ова тврдење е во споредба со истата нарачка направена преку Android смартфон.
Според обвинението, наплатата се прави поради верувањето дека корисниците на iPhone заработуваат повеќе, па на нив им се додава сума за поголема оддалеченост на ресторанот.
Покрај ова, DoorDash се обвинети и дека оваа сума ја додаваат и кај корисниците на DashPass, месечна претплата која овозможува бесплатна достава доколку нарачката е поголема од 12 долари.
Од компанијата секако ги негираат овие обвинувања, а и сумата која ја бара семејството кое стои зад тужбата е смешна, односно изнесува 1 милијарда долари.
Тие дополнително обвинуваат дека од компанијата го оставаат впечатокот дека некои од сумите одат кон доставувачите, но тие ги задржуваат за себе.