Фото: Shutterstock.com

Минатата недела Google најави дека од крајот на оваа година планира да започне процес на бришење на сметките од корисниците кои не се најавиле на нив две години. Ова го прават поради безбедносни причини, односно овие сметки имаат многу поголем ризик да бидат пробиени, а потоа искористени за крадење на идентитетот на корисникот, на пример.

Бришењето на сметките подразбира бришење на сите податоци во нив, односно во сервисите од Google кои се дел од нив. Тоа значи бришење на Gmail, Docs, Drive, Meet, Calendar, Google Photos, како и YouTube.

По реакција на корисниците, истакнувајќи го фактот дека ќе бидат изгубени многу добри и важни видеа на YouTube со бришењето на сметките, Google го промени овој дел од планот.

Сметките кои имаат видеа на YouTube нема да бидат избришани и со тоа се трга ризикот да бидат изгубени важни видеа кои се постари, па корисникот веќе и не ја користи сметката или од починати корисници.

Останатиот дел од планот останува, па од декември оваа година ќе почнат да им бидат испраќањи известувања на корисниците дека нивната сметка ќе биде избришана. Тие што нема да се најават на својата сметка, ќе им биде избришана за два месеци, а ќе имаат уште два месеци да ја вратат ако сакаат.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаЛајнус Себастијан се повлекува од директорската позиција на неговата Linus Media Group
Следна статијаКорисниците на постари Windows 10 верзии ќе бидат автоматски надградени на најновата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.