pioneers-festival-ca

КодВел e македонска компанија за развој на мобилни апликации. Oваа година КодВел учествуваше на меѓународниот фестивал за стартап компании од областа на технологијата – “Pioneers Festival” во Виена, Австрија каде оствари многу значајна победа на престижниот напревар “Community Awards”.

На Pioneers Festival-от се претставија со својата нова апликација за Андроид платформа – МаркО. МаркО го освои првото место на “Community Awards” и доби вредна награда.

Победата на “Community Awards” на “Pioneers Festival” е значајна од аспект на зголемување на видливоста на КодВел и престставување на МаркО на меѓународната сцена. Се надеваме дека тоа ќе им биде од големо значење во блсика иднина кога Марко ќе излезе во својата финална верзија на Google Play Store и ќе им помогне во придобивање на голем број домашни, како и странски корисници.

Победата на КодВел е потврдување на вредноста на нивните досегашни напори и поттик за подобрување и усовршуавње на МаркО, внесување на нови функционалности и секако набрзо објавување на финалната Андроид верзија.

Сите кои сакаат да се запознаат со МаркО, можат тоа да го направат уште сега, додека МаркО се наоѓа во својата Бета фаза и да се пријават за Бета тестери на официлајната веб страна – www.marko.rocks.“

Претходна статијаКрстоносната војна на ФБИ против дигиталната енкрипција
Следна статијаВо план оптички кабел од Бразил до Португалија избегнувајќи ги каблите на САД