Подводен оптички кабел

Седмата најголема светска економија, Бразил, ќе реализира проект за поставување на оптички кабел од Форталеза во Бразил до Лисабон во Португалија и со тоа ќе го оствари првата директна оптичка врска до Европа. До сега Бразил имаше индиректна врска, најчесто преку САД. Меѓутоа со обелоденувањето на масовното шпиунирање на Националната безбедноста агенција (NSA) на САД од страна на Едвард Сноуден и Глен Гринвалд, особено надгледувањето на комуникацијата на светските водачи како бразилскиот претседател Дилма Русеф и германскиот канцелар Ангела Меркел, многу светски држави како и обичните Интернет корисници преземаат чекори за да ја заштитат својата приватност од неконтролирано надгледување.

Кабелот е проектиран да се простира во должина од 5.600 км и ќе чини околу 185 милиони долари. Тој ќе биде изграден од државната телекомуникациска компанија Telecomunicacoes Brasilieras SA (TEB4), кои почнаа да преземаат чекори на проверка на сопствената опрема за слабости кои можат да се искористат за шпиунски активности.. Според Твитер изјавата на претседателот Русеф, ваквите проекти на технолошка самодоволност ќе придонесе кон „одбегнување можна шпионажа“. Од обелоденувањето на постапките на NSA, Бразил започна со раскинување на договорите со повеќе технолошки компании од САД.  Ваквите проекти можат ширум светот да предизвикаат огромни губитоци за компаниите кои доаѓаат од САД бидејќи во некои земји како Бразил, Русија, Кина и Индија расположението против NSA е вистинско и тие веќе преземаат поголеми активност за да бидат што понезависни во технологијата. „Тоа е многу битна стратегија за државата (Бразил; заб.), ова прашање на подводни кабли, бидејќи добро е да се запомни дека подводните кабли се еден од главните механизми за шпиунирање денес“ изјави Русеф.

Инаку Бразил презема и други чекори во насока на технолошката независност. Тие работат на државен систем за електронска пошта наречен Експресо, чија цел е да биде главна точка на текстуална комуникација меѓу државните органи. Претседателот Русеф исто така го искажа својот гнев на Генералното собрание на ООН, напаѓајќи ги САД за нивното масовно шпиунирање.

Интересно е да се гледа како се разврзува битката околу технологијата и досегашната хегемонска состојба на САД во тој поглед.

Извор: Bloomberg

Претходна статијаМаркО победи на “Community Awards” на “Pioneers Festival”
Следна статијаGmail 5.0 за Android со Material дизајн и поддршка за повеќе email сервиси достапен за симнување