ecodemonstrator

Потрошувачката кај авиосообраќајот, за разлика од таа кај автомобилите, е огромна работа. Најмалата промена или грешка во дизајн може да чини неефикасност од неколку проценти, што преведено во долари по литар керозин се преведува во огромни суми. Авиокомпаниите постојано работат на нови иновации во авиосообраќајот како би намалиле на трошоците и би обезбедиле побезбедни летови.

Овој пат во таа област доаѓа соработката меѓу NASA и Boeing. Имено, NASA сака да тестира две нови технологии кои треба да овозможат подобра ефикасност на летањето, а во исто време да ја подобрат безбедноста. Едната технологија е специјална обвивка за авионите која треба да оневозможи бубачки да се лепат на површината на истите. Додека авионот лета многу ситни бубачки се лепат на разни површини, кај моторите, кај крилјата и други места. По некое време тие се акумулираат на овие места и почнуваат да создаваат значителен отпор на воздухот, што може да доведе и до 6% влошување на ефикасноста на летот.

Втората технологија која ќе ја тестираат заедно овие два гиганти е помали вертикални крилја на самите авиони. Вертикалните крилја се сместуваат на авионите чисто заради безбедносни причини, и тоа во главно при слетување и полетување, но додека авионот е во воздух на нормална брзина и висина тие во главно само создаваат отпор, намалувајќи ја ефикасноста. Новите крилја се слични на стандардните, со тоа што се помали, а низ нив има мали дупки кои можат во одреден момент да се отворат да пропуштаат воздух. Со ваквата смена тие се надеваат дека ќе можат да ја скратат големината без да влијаат на безбедноста на летот, а воедно да ја зголемат ефикасноста.

NASA и Boeing ќе ги тестираат овие дизајни на 757 авионите, што ќе вклучува и тестови за итни ситуации. По тестирањето нивната намера е да ги ослободат дизајните во јавност за да можат и другите авионски компании да ги употребат за да ја подобрат ефикасноста и безбедноста на сопствените авиони.

Извор: Ubergizmo, The Verge

Претходна статијаSamsung претстави евтини заоблени монитори
Следна статијаWindows 10 build 10051 со нов изглед за апликациите