
Нова итерација на Windows 10 беше протечена пред неколку дена, и изненадувачки, има доста разлики од градбата што ја имаат тестерите на Windows 10. Градбата со број 10051 носи нов изглед на апликацијата за e-mail и на календарот.
Ова се добри вести, бидејќи дизајнот на апликациите оди во позитивна насока, барем од наша гледна точка. Иако Metro стилот што е присутен во Windows 8 и 8.1 ни се допаѓа целосно, често делува како да е назад ако се спореди со изгледот на конкуренцијата. Секако, се работи за вкусови, но од фотографиите може да се види дека на овој начин се подобрува и функционалноста, со оглед на тоа што одредени елементи делуваат попристапни во споредба со сегашниот дизајн.
Microsoft вложува доста време во целосниот дизајн на Windows 10 и тоа се забележува дури и од бета верзиите кои беа јавно достапни.
Се надеваме дека тие нема да го уништат корисничкото искуство што го нуди Windows 8 и 8.1 со измените што ги добива Windows 10.