spartan-sc-1

Како што најавија од Microsoft на почетокот од месецот, Project Spartan е официјално достапен за корисниците на најновата тест верзија од Windows 10. Оваа верзија која го носи бројот 10049 може да се инсталира доколку се приклучите на „брзиот“ систем за надградба на Technical Preview.

Како и оперативниот систем, така и Project Spartan е во рана тест верзија, па е далеку од финалниот производ кој што ќе биде достапен за сите од ова лето. Тоа значи дека голем дел од функциите кои што треба да бидат достапни, не се достапни во првата верзија, а исто така може да се очекуваат и одредени багови и потенцијални проблеми.

Сепак од тоа што е достапно може да се добие доволно голема претстава за тоа што може да се очекува од прелистувачот. Тој покрај новиот дизајн ги вклучува и следните функции:

  • Cortana за корисниците во САД која што овозможува понапредно искуство за пребарување на работите
  • Пишување и споделување на делови од содржината која што е отворена во прелистувачот. Оваа функција доколку е добро имплементирана може да се покаже како навистина корисна и популарна. Истата овозможува да пишувате (со тастатурата или пенкало или прстите на екраните со допир), да сечете одреден дел од веб страна и истата да ја споделите преку email, социјалните мрежи или OneNote
  • Reading List и Reading View се познати функции на другите прелистувачи. Ви овозможуваат читање на веб страната без да ви сметаат рекламите и другите делови од страната со прикажување само на текстот и сликите во него. Овие веб страни можете да ги зачувате за покасно читање, а во понатамошните верзии оваа листа ќе се синхронизира низ сите уреди
  • Од оваа верзија е достапен и новиот layout engine на кој што ќе работи новиот прелистувач

Project Spartan исто така се очекува да биде достапен и на мобилната верзија од Windows 10 во некоја од наредните надградби. На десктоп прелистувачот е достапен како надградба на оперативниот систем.

За Project Spartan од компанијата имаат креирано и профил на User Voice, па сите заинтересирани ќе можат да даваат предлози за неговиот развој, како и да гласаат за веќе дадените.

Извор: Microsoft

Претходна статијаLG G4 ќе има целосно метално тело?
Следна статијаГолема акција за третиот роденден на КупиКнига.мк
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.