IMAX-Theatre

Технологијата на кинопроекциите се развива и покрај тоа што ги нема средствата што некогаш ги имала. Многу од луѓето денес одбираат да ги прегледуваат видео содржините по дома без воопшто да отидат во кино, и тоа преку сервиси како Netflix, Google/YouTube, Apple Store итн.

Па сепак, постојат одредени иновации за гледањето на содржини во кино кои тешко можете да ги постигнете по дома. Една од нив е новата технологија на филмска проекција базирана на ласер од Imax. Нивниот систем, кој ќе биде сместен во 800 кино сали, се базира на два ласерски проектори. Тие имаат способност да произведат подобра слика од сегашните бидејќи имаат далеку подлабоки бели и црни бои, односно поголем динамичен опсег во видеото.

Промоцијата на овие проектори ќе оди заедно со промоцијата на филмот Furious 7, а технологијата комбинира и лиценци од Eastman Kodak и Barco. Заедно со импресивната слика Imax ќе понуди и надградено аудио искуство, со 12 канали кои ќе бидат прикажани преку посебни звучници прикачени насекаде по кино-салата. Ова ќе овозможи искусување на подобро 3Д искуство во звукот, кое споено со 3Д проекции навистина може да го подобри кино искуството.

Ваквата инвестиција вреди околу 60 милиони долари, па останува да почекаме и да видиме дали гледачите ќе бидат импресионирани од истата и дали ќе го смени нивното кино-искуство, а со тоа да ги натера да се вратат во кино-салите.

Извор: Hollywood Reporter, TechRadar

Претходна статијаWindows 10 build 10051 со нов изглед за апликациите
Следна статијаНовиот Samsung S6 Edge се витка исто како iPhone 6 Plus!