force-field-704x420

Сите кои гледале барем неколку научно-фантастични филмови се сретнале со концептот за заштитно поле – поле кое се простира (најчесто сферично) околу некој субјект или објект и го штити од куршуми, ласери, гранати и слично.

Таквиот темелен и целосен систем на заштита е се` уште предмет на фантазијата во НФ, но други слични стануваат реалност. Од Boeing само што поднесоа патент кој треба да создаде заштитно поле во близината на некое воено возило во случај на силна експлозија. Според нивниот концепт, ако сензорите на некое оклопно возило детектираат експлозија, тие ќе утврдат од каде доаѓа истата, а потоа со систем на ласери ќе го јонизираат воздухот во тој правец. Јонизацијата ќе создаде поле од плазма кое ќе делува против брановите.

Со јонизацијата тие очекуваат дел од ударните бранови од експлозијата да се апсорбираат, дел да се одбијат, трет дел да го заокружи полето и четврт да се поништи. Oва заштитно поле не е наменето да го заштити возилото од шрапнели или куршуми туку конкретно од ударните бранови од експлозии.

ht_boeing_patent_illustration_jc_150323_4x3_992

Поради ваквиот концепт на работа овој штит не е соодветен за држење на целото возило подолго време под заштита, бидејќи ќе го загрева и јонизира воздухот околу истото. Тоа значи дека не е баш истиот тип на заштита каков што го гледаме по филмови, но не се сомневаме дека еден ден наскоро ќе го видиме и тоа да се оствари.

Извор: The Next Web, Cnet,  PopSci

Претходна статијаFacebook тестира dialer апликација со Caller ID на Android
Следна статијаGreenshot – Одлична бесплатна програма за screenshot-и