SE590C_32__006_Dynamic_Black.0

Корејскиот гигант е решен да ја донесе технологијата на заоблени монитори и телевизори во поевтините класи, со нови модели на компјутерски екрани, кои имаат многу ниска цена со оглед на технологијата која ја вклучуваат.

Инаку, предноста на заоблените екрани е подобрата видливост на самите агли од дисплејот, особено кога сте близу до него, како на пример кај компјутерски монитор. Самата заобленост овозможува секој дел од екранот да е подеднакво оддалечен од очите, за разлика од рамните екрани, каде страничните делови се пооддалечени, но исто така го прави екранот и поотпорен на заднинско светло.

SE590C_32__008_Dynamic_Black.0

Сепак, главниот недостаток на ваквите дисплеи, високата цена, значеше дека нив ги купуваа само професионалците, односно оние кои реално имаа потреба од нив. Samsung за прв пат ќе лансира евтини вакви монитори и тоа со почетна цена од 299 долари и тоа за дисплеј со големина од 23,6 инчи во дијагонала и Full HD резолуција од 1920х1080 пиксели. Понудени се и верзии со големина од 27, односно 31,5 инчи, кој чини 599 долари. Цените се многу пониски од оние на најдобриот заоблен монитор на Samsung, кој има 34 инчи дијагонала и резолуција од 3440х1440 пиксели.

Покрај тоа што заоблените монитори ќе овозможат чувство на поголема „внесеност“ во сликата на екранот, Samsung вгради и неколку други технологии, како на пример Flicker Free, која го намалува треперењето на екранот, но и Eye Saver Mode, што ја намалува сината светлина на дисплејот, која е главниот проблем за замореноста на очите при подолго гледање. Инаку, екраните имаат одговор од 4 ms, кој е веројатно доволен за гледање филмови и благ гејминг.

SE590C_32__001_Front_Black.0

Новите монитори на Samsung ќе бидат набрзо лансирани на пазарот, но како што е случај кај нас, веројатно ќе треба да почекаме додека ги видиме во продавниците.

Извор: The Verge

Претходна статијаCERN повторно стартуваше после 2-годишна пауза
Следна статијаNASA ќе испробува нов концепт на авионска технологија