lhc_lab_reuters

Тие што ја следат состојбата со CERN знаат дека тој паузираше со работа последните 2 години поради надградби и поправки на целиот комплекс. Тој само што беше повторно вклучен во работа за да може да продолжи со остварување на мисијата за испитување на разни феномени од релативистичка и квантна природа.

Тестот за започнување со работа беше изведен оваа недела со испалување на два зрака низ 27 километарскиот тунел кој поминува низ швајцарско-француската граница, блиску до градот Женева. Со тоа се означи започнувањето на новиот период на работа на Големиот хадронски судрувач (Large Hadron Collider; LHC), забрзувач на честички кој е изграден под капата на Европската агенција за нуклеарни истражувања.

Надградбата чинеше околу 150 милиони долари, што е навистина значаен влог во неговата вредност од околу 7,5 милијарди долари. Новата работа на CERN ќе се фокусира на темната материја и енергија, два теоретски концепта кои се` уште не се потврдени, но би биле навистина погодни ако се, бидејќи ќе пополнат многу празнини во нашето знаење за физичкиот свет, историјата и иднината на вселената.

За тие што не се запознаени, LHC при CERN е забрзувач на честички преку кој се испитуваат нивните меѓусебни односи во зависност од брзината и енергијата која ја имаат. На овој начин беше потврдено постоењето на Хигсовиот бозон, (поранешно) теоретска квантна честичка која беше претпоставена дека постои од Петер Хигс уште во 1964 година. Европската унија преку заедничка иницијатива меѓу земјите членки вложува огромни средства во развитокот на науката на Стариот контитент, од кои LHC и CERN се еден од најголемите проекти.

Извор: Mashable, NDTV, BBC

Претходна статијаCaltech сака да донесе технологија за 3Д скенирање во мобилните уреди
Следна статијаSamsung претстави евтини заоблени монитори