image-1409898897-image-1408812027-825A7412-1160x773

Со оглед на големиот пад на популарноста пред се на главните модели од Samsung, не е воопшто изненадувачки да дојде и до губење на првата позиција во светот. Проблем во точното мерење на овие статистики доаѓа од тоа што компаниите не секогаш ги објавуваат точните бројки за продажбите, посебно ако не се како што би сакале.

Дека Apple ги има поминато Samsung веќе можевме да прочитаме од две други агенции кои што работат со истражување на пазарот. Овој пат ваквата информација доаѓа од агенцијата Gartner според која што Apple има продадено повеќе паметни телефони во последната четвртина од минатата година и со тоа го има превземено првото место од Samsung.

Според нивните статистики, Samsung истиот период во 2013 година има продадено 83,3 милиони уреди, додека Apple во истиот период имале продадено 50,2 милиони уреди. Како и да е, во последната четвртина од 2014 година доаѓа до целосен пресврт, па Apple продава дури 74,8 милиони уреди за разлика од Samsung кои што имаат продадено 73 милиони.

gartner-stats-q4-2014

Разликата можеби и не е толку голема, истата беше претпоставувана и од другите агенции, но сепак го покажува трендот на пазарот. Новите модели на Apple од минатата година се покажаа како вистински хит меѓу корисниците, додека Samsung трпеше критики и со тоа пад на продажбите.

Малата разлика помеѓу двете компании ја прави интересна ситуацијата за следење оваа година. Samsung оваа недела ги претстави своите нови адути на пазарот кои што сега за сега добиваат одлични критики за разлика од ланскиот модел. Galaxy S6 моделите се направени од поквалитетни материјали, односно не ја вклучуваат карактеристичната за претходниците пластика, а исто така променет е и дизајнот.

gartner-stats-2014

Покрај статистиките за овие два производители, од Gartner истакнуваат дека минатата година била помината границата од 1 милијарда продадени паметни телефони од сите производители. Се работи за скоро 30 процентно зголемување во однос на 2013 година кога вкупно продадените уреди биле нешто под милијарда, а во 2014 година таа бројка изнесува скоро 1,3 милијарди уреди.

Извор: Gartner, BGR

Претходна статијаНаучниците од Харвард го создадоа првото киборг ткиво
Следна статијаДиректорот на Samsung даде кратко објаснување зошто Galaxy S6 моделите не вклучуваат Snapdragon чип
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.