snapdragon-800-series-chip-960_678x452

Она што до сега беше карактеристично за телефоните од Samsung се двете варијанти кои што беа достапни зависно од пазарот. Овие варијанти се разликуваа по процесорот, односно чипот кој што се користи, па можевме да видиме модел кој што вклучува чип од Qualcomm и модел кој што вклучува чип од Samsung Exynos.

Дека новите Galaxy S6 модели овој пат нема да дојдат во вакви две варијанти и ќе го вклучуваат само чипот од Samsung можеме да прочитаме уште пред нивното претставување и потврдување на овие информации.

Зошто Samsung се има одлучено на овој чекор не е целосно објаснето, па дури и она што директорот на компанијата го кажува е кратко и најверојатно ги потврдува информациите кои што може да се прочитаат за новиот Snapdragon 810.

Според информациите, овој процесор од Qualcomm се нема покажано како што било очекувано, а истото го имаат покажано тестирањата направени од Samsung.

Во интервју директорот на Samsung J.K. Shin истакнува дека нивната соработка со Qualcomm останува силна, а изборот на чипови тие го прават врз основа на изборот на најдобри компоненти кои што ќе им дадат предност во однос на конкуренцијата.

Извор: SamMobile

Претходна статијаGartner: Samsung ја изгуби првата позиција од Apple на пазарот на паметни телефони
Следна статијаРецензија на Citizenfour: Страв, моќ и параноја
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.