Фото: Shutterstock.com

За Tesla на Елон Маск слободно може да се каже дека е компанијата која ги направи популарни електричните автомобили кои до претставувањето на нивните први модели, беа само замисла за иднината, со по некој концепт модел од другите производители.

Сепак, 16 години по почетокот со работа на Tesla, ситуацијата е доста променета, па повеќето производители на автомобили веќе имаат електрични модели, а планираат до крајот на декадата во главно да произведуваат ваков вид на возила.

Елон Маск најави дека се планира екстремно зголемување на деловите на Tesla компанијата со цел да се префрли човештвото на страна од фосилните горива, истакна Маск преку Twitter. Тој во истата објава исто така најавува и развој на вештачка интелигенција, нешто што секако е клучно за развојот на автономни возила, но и други системи.

Оваа објава може да се смета како најава на третиот дел од големиот план кој Маск го објавува од почетокот со работа на Tesla. Најавените работи од првите два дела се веќе остварени, односно претставувањето на првите модели на автомобили, развој на нови модели, како и претставувањето на уред за чување на електрична енергија.

Од компанијата денеска треба да ја отворат својата прва европска фабрика за автомобили која е изградена во Берлин. Оваа фабрика треба да и конкурира на најголемата од Volkswagen.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаWindows 11 и официјално започна со означување на компјутерите кои не го поддржуваат овој систем
Следна статијаInternet Explorer конечно заминува во историјата на 15 јуни оваа година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.