Volkswagen

Volkswagen, еден од најголемите производители на автомобили во светот, со повеќе познати бренд имиња во сопственост, најави дека својата фабрика во германскиот град Цвикау веќе нема да ја користи за производство на автомобили со мотор со внатрешно согорување.

Во оваа фабрика која постои од 1904, Volkswagen од 1990 година, па наваму, има произведено 6.049.207 автомобили. Оваа фабрика сега ќе биде пренаменета, а нејзините вработени обучени, за производство само на електрични автомобили.

Со тоа, оваа фабрика ќе биде најголемата фабрика за електрични автомобили во Европа која од идната година треба да почне да произведува до 330.000 автомобили.

Според информациите, оваа „титула“ нема долго да ја носи Volkswagen, а ќе ја преземе Tesla идната година кога ќе ја заврши својата дупло поголема фабрика во Берлин.

Во фабриката на Volkswagen во Цвикау ќе се произведуваат електрични автомобили од истиот бренд, но и од другите брендови дел од групацијата. Па така, за почеток ќе се произведуваат и модели од Audi, а се очекува фабриката да ја користи и Seat.

ИЗВОРVolkswagen
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаВеб страната на ФИТР цел на хакерски напад
Следна статијаЛетно освежување од А1, попуст од 15.000 денари за купување на уред
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.