Минатиот месец можевме да прочитаме дека Microsoft тестира додавање на ознака во долниот десен агол кај компјутерите кои го користат Windows 11, но не ги задоволуваат за овој оперативен систем построгите барања.

Тестот сега е завршен, па ваква ознака ќе почнат да гледаат сите корисници на Windows 11, почнувајќи од најновите beta и release preview верзии, како и финалната верзија од системот која ќе биде пуштена во наредните недели.

Ова значи дека доколку го имате инсталирано Windows 11 иако вашиот компјутер е некомпатибилен за надградба, сега на екранот, како и во Settings апликацијата ќе гледате ознака која ќе ве потсетува на овој факт.

Ознаката е слична како таа за користење на нелиценциран Windows, но нешто подискретна поради пократкиот текст кој гласи: „System requirements not met. Go to Settings to learn more.“ Во Settings достапен е само првиот дел, а има и линк кој ќе ве однесе на веб страна каде ќе ви биде објаснето зошто вашиот компјутер не е компатибилен.

Инаку, со Windows 11 од Microsoft ги направија правилата за користење нешто построги, барајќи корисниците да имаат процесор кој поддржува TPM 2.0, а тоа се во главно тие купени изминатите 5-6 години. Со оглед на тоа што за разлика од мобилните, компјутерите се користат повеќе години, не е мал бројот на корисници кои ќе мора да продолжат да функционираат на Windows 10 или да купат понов компјутер.

Главната причина зад овие барања на Windows 11 се поврзани со безбедноста, односно TPM 2.0 е чип којшто се користи за заштита на одредени податоци и сервиси во системот.  

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаBitdefender повторно има бесплатна антивирусна апликација по откажувањето на старата минатата година
Следна статијаЕлон Маск најавува „екстремно“ зголемување на Tesla и развој на вештачка интелигенција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.