DSC_0090

Apple никогаш не спие кога е во прашање нивниот дизајн на работите. Тие знаат дека дизајнот игра огромна улога во освојувањето на купувачи и верни обожаватели на нивниот бренд и постојано вложуваат во него. Резултат е феноменален – во главно сите Apple производи изгледаат привлечно, функционално и едноставно квалитетно.

Главен директор за дизајн во Apple изминативе години беше Џони Ајв, кој работеше на проекти како iOS, iPad, iPod, iPhone, OSX. Од неодамна тој беше унапреден во позицијата Главен директор за дизајн. Тоа му овозможи да се бави и со други дизајни, како тие на најновиот кампус на Apple во Купертино, но и на нивните продавници.

Па така во Брисел беше отворена првата Apple Store (физичка продавница) дизајнирана целосно од Џони Ајв и таа изгледа феноменално. Самата продавница има многу повеќе дрво од предходните. Постојат клупи на кои можете да причекате додека не ве викнат да ви го сервисираат телефонот или компјутерот, кои во исто време се излог за уреди на другата страна, а во исто време и ги кријат каблите кои обично прават неред по вакви продавници.

BDA_7367_apple_store-849x650

Продавницата не само што има класично дизајн дрво, туку има и цел ред на вистински дрвја кои живеат внатре во саксии. Исто така постојат и стаклени панели од доле до горе кои кружат околу фасадата, а место осветлените слики кои досега постоеа во продавниците сега има огромен екран кој прикажува информации.

Џони Ајв покажува бескомпромисност кога се работи за дизајнот, што може да се забележи и со новата продавница. Оваа е 109-тата продавница на Apple во Европа, а изгледа дека ваквиот дизајн ќе стане тренд во новите (а можеби и веќе постоечките) продавници на оваа компанија низ светот.

Извор: The Next Web, 9to5mac

Претходна статијаDARPA создаде инсектоидни нозе за летала
Следна статијаSpaceX покажаа како Dragon би слетал на Марс