spacex-dragon-mars-2

Елон Маск (со неговата SpaceX) веќе јавно изјави пред некое време дека е заинтересиран за колонизација на Марс. Поточно, тој сака да изгради цел метрополис таму. Иако можеби некој од нас би сакал да му каже да тргне чекор по чекор, Маск е човек на големи идеи и мисли во далечната иднина.

Сега од SpaceX прикажаа неколку дигитално-создадени „фотографии“ од тоа како би бил изменет нивниот Dragon модул за слетување на опрема и луѓе на оваа планета. Во суштина се работи за истиот Dragon модул за кој пишувавме пред некое време и кој наскоро ќе се користи како вселенско такси за астронаути.

spacex-dragon-mars-5

Меѓутоа, леталото кое би пренело опрема и/или луѓе на Марс ќе има специјален додаток. Од страните ќе има инсталирано потисни мотори кои ќе создаваат контрасила од гравитациската на планетата. Модулот ќе помине низ атмосферата (која е доволно густа за да го оштети ако нема соодветна заштита, а ретка за да не го сопре доволно при слетување), а при приближување на површината ќе се сврти наопаку и ќе ги стартува моторите кои безбедно ќе го слетаат.

spacex-dragon-mars-4

Oд SpaceX објавија неколку вакви „фотографии“ кои прикажуваат како би изгледало тоа на планетата. Во секој случај ќе мора прво да го решат системот на слетување кои се обидуваат да го изведат на нивните Falcon ракети, но веруваме дека денот кога ќе бидат слетани луѓе на Марс е наскоро во иднината.

Со тоа што имајте предвид дека „наскоро“ за вакви револуционерни чекори на човештвото може да бидат неколку декади.

Извор: IFLScience, Space

Претходна статијаНова бриселска Apple продавница целосно дизајнирана од Џони Ајв
Следна статијаМожно враќање на Конкорд до крајот на декадата