Instagram воведе нов начин за споделување на содржина од мрежата помеѓу пријателите преку креирање на заеднички колекции. Можноста за креирање на колекции веќе е достапна за корисниците, но таа е достапна само за сопствени потреби.

Со креирањето на заедничка колекција, двајца или до 250 корисници, ќе можат да ја гледаат таа колекција и се што е зачувано во истата. Секој корисник кој е дел од таа колекција ќе може да додава објави, па истата да претставува едно место каде ќе се гледаат одредени интересни објави.

Исто така, оваа нова можност може да е одлична кога се организираат одредени работи, па заедничката колекција да биде поврзана со одреден проект, организација на настан, патување и слично.

Instagram веќе ја предложува оваа новина при зачувување на некоја објава, а може да се направи и при креирањето на нова колекција и вклучување на новата можност на истата да може да се приклучат и пријателите.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаOppo, Vivo и Xiaomi се здружија за да овозможат полесна промена на уредите на корисниците
Следна статијаПатент од Apple прикажува AirPods футрола со екран на допир
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.