dropbox-500

Dropbox е компанија лоцирана во САД, а со својата работа официјално започна во 2008 година. Сигурно не е потребно некое посебно претставување со оглед на тоа што за многу корисници Dropbox беше меѓу првите сервиси преку кој се имаат запознаено со сега веќе масовно користениот термин „Cloud“, односно „Облак“.

Во основа Dropbox е сервис кој овозможува онлајн простор за складирање на податоци, нивно споделување, заедничка работа и повеќе. Иако во меѓувреме се појавија доста конкуренти кои се често интегрирани во оперативните системи на сопствениците, Dropbox остана еден од најмногу користените и најмногу ценетите сервиси од овој вид.

Оваа недела Dropbox објави, поточно се пофали дека ја имаат поминато границата од 500 милиони приклучувања на нивниот сервис. Ова не е бројка на активни корисници, па истата е сигурно нешто помала.

Од Dropbox истакнуваат дека најголемиот број на корисници, 44%,  доаѓаат преку препорака од некој од постојните корисници, а топ земјите ги вклучуваат Бразил, Индија, Британија, Германија и САД.

Сепак, корисници на Dropbox има низ целиот свет, а 75% од нив се надвор од САД.

Во продолжение може да ја погледнете сликата која од Dropbox ја имаат направено во која се истакнати некои интересни факти за нивниот сервис.

Извор: Dropbox

Претходна статијаSkype ја прекинува поддршката за апликацијата на телевизорите
Следна статијаApple спрема нов iPhone со 5,8 инчен OLED екран
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.