Microsoft ја претстави својата нова апликација, наменета да ги доближи повеќе паметните телефони и Windows 10 уредите, наречена „Your Phone“ во мај оваа година. Истата стана официјално достапна меѓутоа само за корисниците на Windows 10 Insider програмата, а од оваа недела апликацијата станува достапна за сите корисници.

Првите очекувања беа дека Microsoft ќе ја „чува“ оваа апликација до пуштањето на наредната верзија од Windows 10 оваа есен, меѓутоа очигледно плановите се имаат променето.

Плановите се имаат променето за повеќе работи отколку само достапноста на апликацијата. При презентацијата на Your Phone, беше најавено дека оваа апликација ќе може да се користи за гледање и префрлување на сликите од телефонот на десктоп компјутерот, за синхронизирање на SMS пораките и комуницирање преку десктоп компјутерот, како и прикажување на известувањата од мобилниот уред на десктоп компјутерот.

Официјално достапна верзија од Your Phone се што има како функција е прикажување и префрлување на сликите од мобилниот на компјутерот, што според мене ја прави скоро и непотребна.

За мене лично барем, посебна апликација за прикажување на сликите од мобилниот не е потребна поради тоа што користам OneDrive кој сите слики веднаш ги синхронизира со „облакот“, а тие се веднаш прикажани на вградената Photos апликација во Windows 10.

Откажувањето, односно одложувањето се надевам, на останатите функции прави да оваа апликација скоро и да нема некоја посебно вредна намена, па останува да ја користат корисниците кои не користат OneDrive, Dropbox, Google Photos и слично решение.

You Phone може да се симне преку Microsoft Store преку следниот линк, а за поврзување на телефонот ќе ви треба Android уред со инсталирана Microsoft Apps апликацијата и најавување со истиот корисник како на Windows 10 компјутерот.

За време на презентацијата на апликацијата беше најавена верзија и за iOS, меѓутоа во оваа фаза истата не е достапна, односно ќе биде достапна подоцна.

Претходна статијаЛетно возење во малку поинакви услови
Следна статијаАкцијата „Израмнувач 2“ со Дензел Вашингтон во главната улога од утре во кино „Милениум“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.