Twitter корисникот WalkingCat, којшто е познат по објава на точни информации кои се’ уште не се официјално достапни, излезе со тврдење дека името на наредната верзија од Windows 10 ќе биде во стилот на претходната, односно October 2018 Update.

Со оглед на тоа што последната надградба го започна овој начин на именување, не е нешто посебно тешко да се прифати дека и наредната надградба ќе биде во истиот стил. Последната надградба го прекина стилот на именување на надградбите според нивната намена, со што именувањето се префрли на поедноставното именување според месецот на достапност.

Сепак, како Microsoft ќе ја нарече нивната наредна надградба, може и не е толку важно, како што е информацијата која може да се извади од ова наводно име. Името покажува дека наредната надградба може да ја очекуваме некаде во месец октомври, што е период и кога реално се очекуваше, па ова може да е еден вид на потврда.

Наредната надградба на Windows 10, како и претходната кои се дел од системот на две поголеми надградба во годината, донесува неколку новини. Главните новини се подобрување и проширување на Fluent дизајнот, темна тема на File Explorer, значителни подобрување на Edge прелистувачот, можеби ленти кои ќе овозможат користење на повеќе програми во еден прозорец, како и подобрување на стабилноста и перформансите на системот генерално.

ИЗВОРTechRadar
Претходна статијаВажни датуми за Биткоин – и што значат
Следна статијаНеколку совети како да бидете сигурни дека вашето дете ќе биде добар возач
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.