Shutterstock.com

Доколку тестот помине како што треба, Play Store на Android ќе добие одлична нова функција која овозможува споредба на неколку апликации во иста категорија. Со тоа корисниците ќе добијат можност да видат какви можности имаат и другите апликации кои се слични со таа што сакаат да ја инсталираат, а со тоа и да направат подобар избор.

Новата функција во Play Store моментално е во тест фаза, што значи дека им е достапна на ограничен број на корисници, а и на ограничен број на апликации. Истата е забележана од секогаш одличните дечки од Android Central од каде ја позајмивме и сликата во продолжение каде се гледа како изгледа споредбата.

Споредбата на апликациите ќе биде достапна во делот кога ќе се притисне на одредена апликација, после нејзиниот опис, коментари, слични апликации. Во случајот со примерот од сликата погоре, се гледа дека кога ќе се отвори познатата VLC апликација, може да се види споредба со некои од останатите апликации во категоријата како MX Player, KM Player, GOM Player, а споредбата покажува работи како дали тие може да функционираат без интернет, дали имаат можност за пуштање на содржината на друг уред безжично, колку се лесни за користење и слично.

Во основа, овој дел ќе ги прикажува важните карактеристики за тој вид на апликација, па корисниците ќе може да се одлучат дали можеби некоја друга апликација е подобар избор за нив.

Исто така, ова е одличен начин апликациите да бидат забележани од страна на корисниците кога можеби не се појавуваат на врвот од листата при пребарување, а тоа е посебно важно за нови апликации кои уште не се доволно пати симнати.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2Android Central
Претходна статијаWindows 10 ќе има една надградба идната година и таа ќе донесе поголеми промени кај корисничкиот интерфејс
Следна статијаSamsung го врати на кратко изгубеното прво место на пазарот на смартфони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.