Како што е случајот со Windows 7, така и веќе стариот пакет на апликации Office 2010 има верни корисници кои не се откажуваат од негово користење. Оваа верзија од апликациите е веќе доста застарена, како од аспект на корисничкиот интерфејс, така и за нови функции, а од овој месец веќе нема да добива ни безбедносни и технички надградби.

Microsoft најави дека поддршката за овој стар пакет ќе истече наскоро, односно до крајот на оваа година, а на корисниците им се препорачува да се префрлат на понова верзија или целосно на нов пакет.

Microsoft има понова верзија од Office која не е дел од месечен пакет, како што е Microsoft 365, но и оваа верзија е веќе стара, со функции и изглед од времето кога беше пуштена во 2018 година. Од компанијата најавија дека идната година може да се очекува нова верзија без претплата, но има доста време до пуштањето на истата.

Од компанијата сепак како главен начин за користење на Office го сметаат преку достапните Microsoft 365 пакети достапни за домашните и бизнис корисниците, а и ние исто така ги препорачуваме овие пакети кои покрај апликациите како Word, овозможуваат и 1TB простор на OneDrive и 60 минути месечно преку Skype.

Секако, достапни се и алтернативи кои се бесплатни, а една од најпознатите и популарни е Libre Office, конкуренција на Microsoft Office со отворен код и која не се плаќа.

ИЗВОРPCWorld
Претходна статијаДел од достапните телефони од Huawei наводно ќе добијат надградба на HarmonyOS
Следна статијаApple денеска ги претставува телефоните од iPhone 12 серијата, гледајте го настанот во живо
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.