Huawei минатата година го најави својот HarmonyOS, оперативен систем кој е замислен да биде основата на сите производи од компанијата, со тек на време. За почеток беше најавено дека овој систем ќе работи прво на помалите уреди, а посебно тие од категоријата на „интернет на нештата“.

Минатиот месец Huawei најави дека HarmonyOS добива поддршка и за мобилните телефони, со што стана јасно дека работите продолжуваат во тој правец со оглед на тоа што односите со САД не покажуваат знаци на подобрување, туку и обратно.

Алатката за развој на апликациите треба да им стане достапна на програмерите до крајот на годината, со што достапноста на некој официјален телефон се очекува за идната година.

Нови неофицијални информации тврдат дека идната година HarmnonyOS ќе го добијат и веќе постојните телефони од компанијата, а не само тие кои треба да бидат претставени. Тоа значи дека корисниците кои имаат Huawei уред може да очекуваат надградба на оперативниот систем од компанијата.

Не се очекуваа сите уреди да бидат надградени, па според најавите HarmonyOS ќе го добијат уредите од повисоката класа, како P40 Pro, уште ненајавениот Mate 40 и други.

Доколку Huawei развие целосна независност од американските компании, ќе биде скоро невозможно во иднина да се врати соработката, нешто што е голема загуба баш за тие компании. Huawei држи голем процент од пазарот, па не е чудо што Google веќе се обиде да лобира за средување на односите на САД со Huawei, но очигледно безуспешно.

ИЗВОРExpress
ИЗВОР 2Huawei Central
Претходна статијаГласините, погрешните информации и дезинформациите што произлегуваат од медиумите во време на криза можат да наштетат на јавното здравје и безбедноста
Следна статијаЗавршува поддршката за Microsoft Office 2010
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.