Како што станува јасно дека односите помеѓу САД и Кина нема да се подобрат во догледно време, па дури кога е во прашање Huawei работите се влошуваат, од компанијата ги продолжуваат своите планови за независно функционирање.

Веќе можевме да прочитаме дека Huawei развива сопствен оперативен систем, HarmonyOS, кој кога беше најавен уште не беше пуштен за мобилните телефони. Android сепак е со отворен код, па иако без сервисите и апликациите од Google, Huawei можат да го користат и изменуваат.

Според информациите кои ги објави Huawei оваа недела, тие полека планираат HarmonyOS да го пуштат и на мобилните телефони, покрај тоа што веќе работи на паметните часовници, телевизори и слично.

Новата верзија од овој оперативен систем беше најавена оваа недела, а алатката за развој на софтвер за мобилните се најавува дека ќе биде достапна до крајот на оваа година. Тоа значи дека програмерите ќе можат да почнат да ги прилагодуваат и тестираат своите апликации за овој систем, а истите може сметаат како достапни поради нивната достапност преку алтернативата на Huawei за сервисите на Google.

Првите телефони со HarmonyOS може да се очекуваат од идната година, според најавите, а кога ќе се земе во предвид колку долго се функционира без Google, јасно е дека промената нема да биде голема од страната на корисниците, односно тие не би требало многу нешто да забележат, освен можеби подобрени перформанси, нешто што се најавува за овој систем.

Huawei досега покажа дека може да функционира успешно и без Google, иако растот на компанијата беше до некаде намален со случувањата. Целосната независност од Google, но и други американски компании ќе им овозможи на Huawei во иднина да не можат да имаат вакви пречки во работата и ширење на пазарот.

Како и за секоја мобилна платформа, клучната работа за успехот ќе биде доволно голем и добар избор на апликации, а доколку на Huawei ова им успее, тие ќе бидат третата најголема платформа во светот по подолго време.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаА1 Македонија го усоврши „Славчо” – четбот базиран на вештачка интелигенција
Следна статијаHuawei ги претстави Watch GT 2 Pro и 5 нови производи, дел од стратегијата Seamless AI Life на компанијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.