Компанијата Oath, во чија сопственост е Yahoo од минатата година, одлучи да го прекине еден од најстарите и најпознати chat сервиси, Yahoo Messenger. Причината за овој потег не беше јасно истакната, меѓутоа тоа и не е потребно. На сите ни е познато кои се најпознатите и најмногу користените сервиси за разговори во светот, па некогаш најпопуларниот Yahoo Messenger остана само со многу помала бројка на верни корисници.

Од компанијата најавуваат дека сервисот престанува со работа на 17-ти јули, по што корисниците нема да може да ги видат своите разговори, односно нема да може да се најават на сервисот и апликациите од сервисот.

Сите корисници кои имаат разговори на сервисот кои не би сакале да ги изгубат, ќе можат истите да ги симнат преку поднесување на барање на следниот линк. Можноста за симнување на податоците ќе биде достапна во наредните шест месеци.

Од Oath, која е во сопственост на познатиот американски телеком оператор Verizon, работат на нова апликација за разговори наречена Yahoo Squirrel која моментално е во бета верзија. Оваа апликација е наменета за групни разговори, меѓутоа не можеме да замислиме дека ќе успее да им конкурира на веќе постојните и популарни Facebook Messenger, WhatsApp, Viber, Snapchat, Skype и други.

Yahoo Messenger првпат беше претставен пред 20 години, односно на 9-ти март 1998 година како Yahoo Pager. Познатото име Yahoo Messenger го добива една година подоцна, односно на 21-ви јуни 1999 година.

Ова е еден од првите апликации за „инстант“ пораки кои ги користевме во 90тите години за комуникација со пријателите пред појавата на Hi5, My Space и Facebook подоцна. Yahoo Messenger и потоа MSN Messenger беа едни од главните начини на комуникација во тоа време.

ИЗВОРYahoo
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаСакате да ослабнете и да заработите? Нема проблем, оваа апликација е за вас
Следна статијаМакпетрол промовираше нови горива – Ultra Diesel Green Power и Ultra Diesel Bio Power
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.