Фото: Shutterstock.com

Meta продолжува да додава доста нови функции кај нивната WhatsApp, па иако апликацијата е во сопственост на оваа компанија, сепак важи за една од побезбедните на пазарот.

Најновата функција е поврзана со приватноста на корисниците, поточно со можноста да се направи слика од нивната профилна слика. WhatsApp ќе го блокира правењето на слика од екранот (screenshot) кога истата се прави од сликата на корисникот.

Кога некој ќе проба да направи слика од екранот во ваков случај, сликата ќе биде целосно црна. Вакво нешто веќе имаме видено како заштита која ја користат апликациите за стриминг на видео кои не сакаат да дозволат правење слики од нивната содржина.

Новината кај WhatsApp не е се’ уште официјално најавена, а се пушта како серверска надградба, односно не зависи од ажурирање на самата апликација.

Достапноста е пријавена од повеќе корисници, па се очекува во периодот што следат да им биде пуштена на сите.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаGoogle ја закажа годинешната Google I/O конференција за 14 мај
Следна статијаТретото тест лансирање на Starship од SpaceX помина многу поуспешно од претходните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.