Google официјално ја најави датата кога ќе ја одржи нивната главна годишна конференција, Google I/O. Исто како што е случајот со Apple и нивната WWDC, Google I/O е пред се конференција наменета за програмерите, но на истата има доволно презентации кои ги интересираат и обичните корисници.

14 мај е датата на годинешната Google I/O и на истата очекуваме дека ќе видиме неколку новини кои не интересираат.

Стандардно, очекуваме дека Google ќе ја презентира наредната генерација од Android кој е стигната до својата 15та верзија, па иако оваа верзија не треба да донесе многу новини, сепак ќе биде интересно да се види што добиваат корисниците.

За оваа година веќе нема дискусија дали ќе има посебен дел за вештачката интелигенција. По малото „доцнење“ минатата година, Google сега се целосно навлезени со нивните големи јазични модели и генеративна вештачка интелигенција, па сигурно ќе видиме нешто повеќе и на овој план.

На крајот, на Google I/O би требало да видиме и нешто поврзано со телефоните од компанијата, односно со Pixel уредите. Можно е да ја видиме „послабата „а“ верзија“ од овие уреди и слично.

ИЗВОРGoogle
Претходна статија„Приказна се чита“ на Саем на книга 2024
Следна статијаWhatsApp ќе почне да ги блокира сликите од екранот кои се прават на профилната слика од корисникот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.