Shutterstock.com

Една од најпознатите апликации за разговори, Telegram, позната по заштитата на разговорите со нивно шифрирање, оваа недела ја воведе и можноста за видео разговори. Апликацијата веќе ја имаше можноста за аудио разговори, а со оглед на популарноста на видео разговорите во 2020 година, јасно беше дека тоа е функција која ќе „мора“ да биде воведена.

Видео разговорите на Telegram за почеток ќе може да се прават само помеѓу двајца корисници, но од компанијата најавуваат дека работат на нови функции, меѓу кои и групни видео разговори. Новините може да се очекуваат во месеците што следат.

Новата функција сепак е во „алфа“ верзија, како што истакнуваат од Telegram, што значи дека е можно да се очекуваат одредени проблеми кои ќе бидат средени со тек на време.

Овие разговори, исто како и текстуалните и аудио разговорите, ќе бидат шифрирани, со што корисниците можат да бидат сигурни дека никој не може да ги пресретне и слуша.

Од Telegram оваа нова функција ја воведуваат на 7 годишнината од пуштањето на сервисот, односно Telegram беше пуштен во 2013 година, по што имаше интересен развој и случувања, меѓу кои и проблеми во Русија поради користењето на шифрирање на разговорите.

Видео разговорите може да се започнат од делот каде се гледа профилот на корисникот, а исто така разговорот може да се намали во помал слика-во-слика формат со што може да се продолжи со разгледување на разговорот и другиот дел од апликацијата.

ИЗВОРTelegram
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаПоставена првата арт-реклама на ѕидна фасада во Скопје
Следна статијаПрви информации и слики од Galaxy S20 FE 5G – „лајт“ верзија од серијата со пониска цена
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.