Доколку бевте корисник на можеби најпознатата календар апликација Sunrise, достапна на Android и iOS, од вчера оваа апликација веќе не постои. Истото беше најавено уште во мај, а тогашниот рок беше поставен за 31-ви август.

Иако апликацијата доби неколку недели повеќе, сепак нејзиниот крај не беше под знак прашалник. Ова беше познато уште од купувањето на компанијата зад развојот на апликацијата од страна на Microsoft и најавата дека сите нејзини функции ќе бидат со тек на време интегрирани во Outlook апликацијата исто така достапна на двете платформи.

Со исклучувањето на Sunrise, дополнителен дел од функциите од апликацијата беа оваа недела додадени во Outlook, како што беше најавено. Со тоа корисниците кои сакаа да ја користат оваа апликација ќе можат да продолжат да имаат слично корисничко искуство со Outlook, но во една апликација наменета пред се за имејл.

Новите функции кои Outlook ги добива ги вклучува следните:

  • Икони за настаните кои се додаваат автоматски зависно од употребените зборови
  • Interesting Calendars – можност за следење на активностите на омилените тимови и понатаму ТВ серии
  • Автоматско довршување на адресите на настаните, како и автоматско додавање на мапа
  • Подобрување во делот за додавање на настани

introducing-outlooks-new-and-improved-calendar-2b

Можеби дел од новините нема многу да им користат на корисниците од нашата земја, но со тек на време сигурно ќе им и дополнителни подобрувања.

Извор: Microsoft, The Verge, TNW

Претходна статијаОд денеска достапен iOS 10 за сите корисници на iPhone и iPad
Следна статијаSamsung Galaxy Tab A е нов 10 инчен Android таблет со дигитално пенкалце
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.