Slack официјално ја пушти за сите корисници нивната нова, иако во тест фаза уште од минатата година, функција Canvas. Најкраток начин на кој може да се опише Slack Canvas е како интегриран систем за документи во самата апликација или едноставна верзија од Google Docs директно во Slack.

Slack Canvas може да се додаде во секој од каналите во апликацијата, а на корисниците ќе им овозможи да додадат се што и досега можат во самите разговори, групни или поединечни. На прашањето која е намената на Canvas тогаш, одговорот е едноставен, сите овие работи сега може да се организираат во посебно „платно“ секогаш достапно на корисниците и со тоа да се тргне потребата од пребарување на разговорите кои може да ги има многу.

Во Canvas корисниците можат да додадат се што би можеле во еден документ, односно текст, слики, видеа, листи, задачи, па дури и конкретни апликации и копчиња до одредени активност на самата компанија.

Без разлика што со Canvas работите се многу повеќе организирани и полесно достапни, се што се внесува може да се пребарува исто како и сите други разговори во апликацијата.

Пристапот до Canvas е ограничен на корисниците на Slack, а може да се овозможи и пристап до корисници на сервисот од други компании преку Slack Connect.

Видеото во продолжение може дополнително да ви даде претстава за што се работи.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Slack
Претходна статијаHR индустријата во регионот станува сѐ поголема, поважна и посилна, а сега добива своја сцена на Weekend Media Festival
Следна статијаGoogle Authenticator доби можност за синхронизација со Google сметката на корисникот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.