Скопје, 25. април – Водејќи се според потребите на пазарот во изминатите неколку години, организаторите на Weekend Media Festival ги здружија силите со агенцијата Degordian и го создадоа HR.Weekend, фестивал кој со својот концепт веќе ја заинтригира модерната HR индустрија. Среде борбата за таленти и квалитетен кадар, работодавците денес мора да пронајдат начин како да се прилагодат на пазарот и да ги најдат и задржат најдобрите луѓе. Тоа е повеќе од доволна причина да се започне проект кој ќе биде специјализиран и ќе се занимава со проблемите на новото време. Така се роди HR.Weekend – фестивал наменет за сите HR професионалци, директори за човечки ресурси, работодавци и претставници на компаниите, како и за сите заинтересирани за создавање модерни практики за човечки ресурси.

„Weekend Media Festival е навистина одличен фестивал кој со години на едно место собира експерти од сите области. Сакавме да го интегрираме HR.Weekend, а не да го изолираме. Затоа, HR ќе биде испреплетено со сите други деловни индустрии и области, а сите посетители ќе можат да слушаат предавања и панели, без разлика од која индустрија доаѓаат“, вели Даниел Акерман, извршен директор на агенцијата Degordian.

Томо Рицов, директор на Weekend Media Festival и агенцијата Peppermint и Даниел Акерман, извршен директор на агенцијата Degordian

Од 21 до 24 септември, HR.Weekend ќе опфати теми од состојбата на пазарот, кој претрпува бројни промени – Big Quit, Bursts of Tech Bubble, Market Shifting, се до прашањето дали овие промени се позитивни и како можеме да ги вклопиме во нашата работа или да ги одбегнеме. На програмата ќе се разговара и за менталното здравје, вклучување на странски работници, трансформација и зголемување на секторот за човечки ресурси, управување со таленти, генерациски разлики и бројни други теми.

На HR.Weekend доаѓа познатиот светски невронаучник и невромаркетер Николаос Димитриадис, кој има работено со речиси сите водечки светски компании и проучувано 5500 мозоци од различни земји за потребите на невромаркетингот. Д-р Димитриадис повеќе од петнаесет години ја применува невронауката во деловниот и образовниот сектор.

Николаос Димитриадис, познат светски невронаучник и невромаркетер

Мунавар Ахмед, предавачка по Лидерство, Етика и Професионална пракса на Факултетот за визуелни уметности и визитинг предавач на Стенфорд, ги учи искусните тимови како да постигнат успешни резултати, но и притоа да покажат човечност. Препознатлива е по градењето на многу успешни и уште поважно, среќни тимови од светот на банкарството, осигурувањето, здравственото осигурување, телекомуникациите, издаваштвото и трговијата на мало, кои освоија награди на светско ниво. На првиот HR.Weekend, Мунавар ќе опфати една од поважните теми во денешниот деловен свет – како и зошто компаниите треба да го променат своето работење доколку сакаат да привлечат вработени од Генерацијата Z и како тоа влијае на сите други генерации.

Мунавар Ахмед, предавачка по Лидерство, Етика и Професионална пракса на Факултетот за визуелни уметности и визитинг предавач на Стенфорд

„HR.Weekend е новиот бренд на Weekend Media Festival. Создаден е откако на минатогодишното издание забележавме дека не е доволно да има само еден панел или предавање на тема човечки потенцијал, туку има простор да и се посветат цели два дена. HR трендовите се менуваат речиси секојдневно, а по разговорот со бројни актери од оваа сцена, сфативме дека има простор и потреба на пазарот, не само за HR фестивал, туку и за место за средба на HR и сите други гранки кои традиционално се дел од Weekend Media Festival“, вели Томо Рицов, директор на Weekend Media Festival и агенцијата Peppermint.

Целта на фестивалот е да се иницира моменталната состојба на пазарот и да се преиспитаат воспоставените практики, како и да се слушнат искуствата на бројни експерти, панелисти и предавачи од целиот свет и регионот. Позитивните реакции на заедницата на најавата за овој фестивал ги надминаа очекувањата, нагласуваат организаторите агенцијата Peppermint и Degordian.

Многу компании веќе резервираа места за своите специјалисти за човечки ресурси, што потврдува дека концептот е добро прифатен и со нетрпение се очекува. HR.Weekend ќе стане централно место за развивање идеи, следење трендови, дружење и вмрежување и за вработените и за работодавците, сето тоа под капата на Weekend Media Festival, најголемиот регионален медиумски и бизнис фестивал.

Билетите за HR.Weekend моментално се достапни по early bird цена на веб-страницата https://hr.weekend.hr/ а сите новости можете да ги следите преку официјалните канали на FB, IG и LinkedIn.

Претходна статијаSamsung планира порано да го претстави Galaxy Z Fold5 оваа година
Следна статијаSlack Canvas е нов начин на организирање на работата во овој познат сервис