Signal е апликацијата број 1 од апликациите и сервисите кои нудат шифрирани разговори. Доста други сервиси ја користат технологијата за шифрирање од Signal, со цел да ја добијат довербата на своите корисници.

Мотивирани од протестите кои уште се случуваат во САД, од Signal воведоа нова функција која им овозможува на корисниците автоматско заматување на лицата од луѓето во сликите. Заматувањето се прави преку делот за измена на сликите, а ако софтверот не ги препознае сите лица, корисниците имаат избор самите да стават заматување на било кој дел од сликата.

Како апликација која се смета за приватна, од Signal истакнуваат дека измената на сликите се прави локално на самиот уред, што значи дека сликата без заматени лица не се испраќа никаде за да може да биде видена.

Од Signal истакнаа и дека се во процес на барање на компанија која во овие услови ќе може да произведе прекривки за лицата кои Signal би ги делеле бесплатно на луѓето.

Согласно ова, треба да се истакне дека иако Signal почнува да овозможува заматување на лицата на сликите, никој не може да гарантира дека некој друг нема да праќа слики каде се гледаат лицата, а и во денешно време камери има насекаде, па и на униформите на полицијата.

Новата функција е достапна за Signal апликацијата на Android и iOS.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Signal
Претходна статијаWizz Air ја продолжува суспензијата на своите летови од и до Македонија
Следна статијаCES 2021 ќе се одржи стандардно со присуство на луѓе, но и со зголемени онлајн презентации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.