Со оглед на моменталната состојба со COVID-19, која иако се подобрува постепено, сепак изминатите неколку месеци уште го имаат главното влијание, не се очекува многу од познатите саеми за технологија кои оваа година повеќето беа откажани.

CTA, односно Consumer Technology Association, која го организира еден од најпознатите саеми за технологија, CES – Consumer Electronics Show, најави дека CES 2021 ќе се одржи со присуство на посетителите како и секоја година.

Поради ситуацијата со COVID-19, а вакцина и целосно тргање на ризикот не се очекува до средината на идната година, барем за масовна достапност, саемот ќе има додатни правила кои ќе треба да овозможат поголема безбедност на посетителите.

Според CTA, халите редовно ќе се чистат и дезинфицираат, ќе бидат овозможени места каде луѓето ќе може да се дезинфицираат, ќе биде овозможен поголем простор за држење на дистанца, а истото ќе го има и во халите каде ќе се следи презентација, ќе се овозможи плаќање со картички и слично.

Иако саемот се планира да се одржи со посетители лично присутни, сепак ќе биде доста зголемен бројот на онлајн презентации, зошто сепак се очекува дека доста од посетителите нема да сакаат или нема да можат да дојдат.

До одржувањето на CES 2021 сепак има уште половина година, па не е познато во кој правец ќе отиде ситуацијата со COVID-19. Можно е да саемот може без проблеми да се одржи, а не е чудо и да испадне да мора да се откаже, барем делот за лично присуство.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2CES
Претходна статијаSignal доби алатка за заматување на лицата во сликите
Следна статијаОд аквадукт од 1900 г.п.н.е до модерна инвертер клима – Еден македонски бренд го следи модерниот развој
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.