google-search-ios-notification

Google ја издаде 3.1 верзијата од својата Search апликација за iOS. Новата верзија донесува доста нови функции и може да се каже дека се приближува до нивото на функциите што ги има на Android. Сега апликацијата работи во позадина и прикажува нотификации, односно ве известува за закажаните состаноци и слично. Истсо така додадена е и можноста за интеракција преку изговарање на “OK, Google” командата, како и закажување на потсетници преку гласовната функција. Новата верзија е достапна за iPhone 4S и нагоре.

Во продолжение прочитајте ја официјалната листа на новости во оваа верзија.

  • Нотификации – Добијте известување кога е време за одење (на пример, на закажан состанок)
  • Потсетници – Никогаш не заборавајте да направите нешто
  • Нови карти – Гледајте карти со информации за карти за настани, карти за патување и слично
  • Гласовни пораки – Само изговорете “OK Google” за да пребарате

Апликацијата исто така има нов редизајниран и поедноставен Home екран, користење на гестови за зумирање и работа со слики, како и подобрување на работење на системот.

Претходна статијаLastPass 3.0 со подобрен дизајн и функции
Следна статијаВашата Google+ слика како Caller ID на повикуваниот телефон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.