Во најновата верзија на Android, 4.4 KitKat, Google направи промена на Caller ID функцијата, преку која што добивате информации за повиците што ги примате. Истата сега е поврзана со Google Search и со тоа добива нови можности. Кога некој ќе ве побара, а вие го немате бројот во вашите контакти, Google го споредува со својата база на пријавени телефонски броеви на Google Places, па на пример доколку ве бараат од некоја фирма чии број го немате, на екранот вие сепак ќе го видите името не фирмата.
Сега Google најави дека на почетокот на 2014 оваа функција ќе ја направи поврзана и со приватните корисници, односно корисниците на Google+ сервисот. Ова значи дека доколку ве бара некоја личност која ја немате во вашата листа на контакти или немате поврзано слика со контактот, името и сликата од Google+ ќе бидат испишани на вашиот екран. Ова ќе функционира само за корисниците кои што го имаат пријавено и верификувано својот телефонски број во Account Settings на својата Google сметка и ја имаат вклучено функцијата за прикажување на бројот.
Со ова ќе имате можност да изберете што луѓето ќе гледаат кога ги повикувате, наместо тие да го прават тој избор. Нема повеќе информации за тоа кога точно ќе биде достапна оваа функција, покрај изјавата за почетокот на 2014, како и дали ќе работи со другите верзии на Android покрај 4.4.