novaaaa

Тие кои сакаат да го менуваат искуството и дизајнот на своите Android уреди сигурно стигнале до категоријата апликации наречени Launcher-и (кориснички опкружувања) кои уредуваат како изгледа основното командно опкружување во кое бирате апликации, ставате widget-и и слично. Тие пак кои прочепкале низ достапните вакви апликации сигурно го забележале Nova Launcher, еден од најдобрите кориснички опкружувања за Android.

Програмерите од Nova одлучија позитивно да не` изненадат и да ја пуштат најновата бета за нивната апликација преработена во Материјален дизајн, најновата насока на дизајн за Android која Google почна да ја турка со Android 5 Lollipop. Бетата можете да ја симнете од Google+ групата за јавни бети на оваа апликација.

Инаку, новиот дизајн како што веќе пишавме погоре се базира на т.н. Материјален дизајн кој е скоро рамен и исклучително чист. Во новиот изглед попаметно се употребени разните бои и нудат далеку повеќе контраст и вкус во однос на претходната верзија. За сите промени проверете ја следнава листа:

  • сите дијалози и екрани за нагодувања се со Материјален дизајн
  • нови и преработени анимации
  • вградена поддршка за Android for Work профили на Lollipop
  • отфрлена поддршка за Android 4.0, почнува од 4.1
  • Nova Action за Expand Notifications не работи на Samsung верзијата со Lollipop
  • Google Search се појавува како слој над другите елементи
  • нови Nova Action икони
  • нови главни површини се отвораат или затвораат со влечење или бришење на икони
  • можност да се додаваат празни главни површини
  • подобрено уредување на папки
  • можност да се смени бојата за индикатор на страна
  • неограничен број на страници на главната површина (претходно беа ограничени на 9)
  • додадена сенка на непрочитани беџови; нивната големина се менува во однос на големината на иконите
  • максимална големина на иконите зголемена до 150%
  • додадена опција за преместување на папките во избирачот на апликации (app drawer)
  • додаден Roboto-Medium фонтот како опција
  • подобро управување со апликации инсталирани на SD картичка

Извор: PhoneArena, Slashgear, Android Central

Претходна статијаWikimedia фондацијата поднесе тужба против NSA поради масовното следење на комуникациите
Следна статијаFacebook ја тргна feeling fat иконата по петиција од група на корисници