Покрај сите заштитни мерки кои ги имаат интернет прелистувачите, заедно со оперативните системи и антивирусни апликации, сепак најдобро е доколку може да се намалат можностите за малициозниот софтвер воопшто да дојде до компјутерот на корисникот.

Еден од подобрите начини да се спречи можноста за проблеми од веб страните е изолацијата на секоја од тие страни во посебен процес кој нема пристап до другите веб страни кои ги има отворено корисникот, како и до самиот компјутер.

Google Chrome веќе одамна има ваква функција, а со тоа и останатите Chromium прелистувачи, па конечно тоа ќе го добие и Mozilla Firefox.

Од организацијата работат на решение за изолација на веб страните и истото веќе им е достапно на корисниците во тест верзиите од Firefox. Во оваа фаза функцијата треба да биде посебно вклучена, а ќе стане стандарден начин на работа кога ќе биде пуштена за сите корисници во некоја од наредните верзии.

Со новата функција, секога веб страна има свој посебен процес на компјутерот, со што се изолира од другите веб страни, содржината и информациите кои се внесуваат, како и до одредени ресурси на компјутерот. Со тоа, доколку одредена страна има малициозен код, тој нема да може да дојде до информациите, како лозинки, кои се внесуваат на друга страна, а исто така помали се шансите дека може да биде симнат на самиот компјутер. После тоа, сепак останува и на начинот на заштита на самиот оперативен систем, како и додатната заштита со антивирусни апликации.

Mozilla има детално и техничко објаснување за тоа како функционира оваа нова функција, па истото можете да го прочитате на овој линк.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаА1 нова промоција за опуштено следење на европското фудбалско првенство – за Македонија навиваме
Следна статијаНаредната верзија од Wear OS ќе биде развиена во соработка помеѓу Google и Samsung
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.