Your Phone апликацијата од Microsoft е една од подобрите и корисни апликации која овозможува поврзување на Android телефоните со Windows 10. Преку ова поврзување корисниците можат да ги гледаат известувањата од телефонот, SMS пораките, како и да одговорат на нив, можат да ги гледаат сликите од телефонот, да ја синхронизираат копираната содржина од тастатурата и слично.

Една од подобрите нови функции кои станаа дел од Your Phone е можноста да се вклучи екранот од мобилниот и да се користи, за подоцна да ова прерасне во листа од сите инсталирани апликации кои може директно да се вклучат и да се контролираат од Windows 10 компјутерот.

За жал, оваа функција им е достапна на одредени Samsung телефони, но сепак кога ќе се земе популарноста на производителот, тоа не е толку голем проблем, а има информации дека сепак и некои други телефони можат да ја користат функцијата.

Уште кога Your Phone ја доби „Apps“ функцијата, беше најавено дека корисниците на одредени Samsung телефони ќе можат да вклучуваат повеќе Android апликации во исто време, една до друга, нешто што сега е ограничено на една.

Од компанијата објавија слика на која се гледа дека таа можност полека почнува да станува достапна, па за почеток ја добиваат корисниците на Windows 10 Insider програмата.

Досегашното искуство покажува дека сите корисници може да ја очекуваат функцијата во периодот што следи.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаОператорот А1 Македонија во Скопје обезбедува брзина на пренос на податоци од 102,971 Mbps, Македонски Телеком од 62,297 Mbps
Следна статијаMoto G9 Power доаѓа со голема 6.000 mAh батерија, 64 мегапиксели главна камера и цена од 200 евра
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.