Motorola ја претстави најновата генерација од својата G серија, G9 Power, а додавката во името се однесува на батеријата која овој уред ја има и според производителот треба да овозможи 60 часа на користење.

Тоа значи дека огромната батерија од 6.000 mAh, треба да ви овозможи повеќе од два дена користење без да треба да го полните повторно уредот, но секако тоа зависи од стилот на користење. Сепак, со ваква батерија, но и екран и чип, верувам дека како и да се користи овој телефон, ќе помине еден цел ден без потреба од повторно полнење.

Екранот на Moto G9 Power е со HD+ резолуција, што со оглед на цената може и треба толку да се очекува. Оваа резолуција е помала од Full HD, а тоа веќе е нешто што можеби и ќе може да биде забележано од окото на големината на екранот од 6,8 инчи.

Процесорот исто така е одраз на цената, па така Moto G9 Power работи на Snapdragon 662 и има 4GB RAM, како и 128GB простор за податоците.

Очекувано е да еден телефон кој треба да се продава по цена од 200 евра, ќе има послаби карактеристики, но сепак главниот акцент тука треба да се стави на огромната батерија, но и камерите на задната страна.

Moto G9 Power доаѓа со три камери на задната страна, од кои главната има 64 мегапиксели со што ќе бидат возможни одлични слики. Кога на тоа ќе се додадат уште две камери со помали сензори, но способни да дополнително направат проценка на длабочината на сликата и слично, G9 Power сигурно ќе може да извади доста квалитетни слики.

На предната страна поставена е една камера во мал исечок во форма на крукче, а истата има сензор со 16 мегапиксели.

На долната страна од уредот, се прекинуваат малите рамки со нешто поголема рамка или како што ги нарекуваат американските портали, овој уред има нешто поголем „подбрадок“.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.